„Изложбата без име“ – Центар за еднакви можности „Бубамара“

„Насилниците имаат имиња и треба да бидат казнети“ – со оваа порака Центарот за еднакви можности „Бубамара“ вчера на плоштадот во Тетово и во Гостивар, но и во Стара скопска чаршија, ја одржа „Изложбата без име“. Целта на оваа изложба беше преку илустрации на уметникот Рехатлику да се крене свеста малтретирањето со кое се соочуваат девојките на социјалните мрежи, бидејќи денес интернетот создаде „безбеден“ простор за насилниците, кои понекогаш избираат да останат анонимни или малтретираат со лажни профили.