Изложба „Го сакам Охрид…ама го љубим и Тетоо“ на Ѓоко Симјаноски
Во Тетово беше отворена изложбата „Го сакам Охрид… ама го љубим и Тетоо“ на охриѓанецот со тетовско потекло, Ѓоко Симјаноски. На изложбата беа претставени четириесеттина слики со мотиви од охридско-тетовската архитектура и знаменитости, насликани во техниката сув пастел.
Изложбата на слики со наслов „Го сакам Охрид…ама го љубим и Тетоо“ на охриѓанецот Ѓоко Симјаноски вчера свечено беше претставена пред тетовската јавност. Во рамки на изложбата се претставени четириесеттина слики со мотиви од тетовската и охридската архитектура и знаменитости на кои авторот работел во изминативе 4 години. Истите се насликани во техниката сув пастел и совршено го доловуваат духот на Тетово и Охрид, а за тоа можеа да се уверат и посетителите кои дојдоа во голем број.
Преку сликите авторот упатува порака и апел да се зачува од заборав македонската староградска архитектура.
Авторот на изложбата Ѓоко Симјаноски, иако по професија електроинженер веќе во пензија, како што споделува пред нашата камера желбата за сликање го следи уште од детството.
Симајноски, освен примарната професија и сликањето како хоби, се занимавал и со работа на радио и телевизија.
Ивана Серафимовска