Изложба и промоција на монографија на Павле Кузманоски

Во просториите на Музеј на тетовски крај, академскиот сликар, Павле Кузманоски ќе има промоција на монографијата насловена како Урбани пејсажи и изложба на слики насликани во пастел техника. Настанот ќе биде збогатен и со музичка програма.