Изложба на дела од меѓународната колонија „Карпино“
Од вчера вечер во Центар за култура „Иљо Антески-Смок“ поставена е изложба на делата од меѓународната колонија „Карпино“. Во фоајето на Центарот поставени се 25 дела на 13 уметници од земјава и светот. Изложбата ќе биде отворена до 11 мај.