Изложба на ликовни дела на ученици од ОУ „Андреа Савески-Ќиќиш“
Голем број ликовни дела изработени во сликарски техники, мозаик и линорез, можеа да се погледнат вчера во рамки на ликовната изложба на учениците од Основното училиште „Андреа Савески-Ќиќиш“ од Тетово под менторство на нивниот наставник по ликовно образование, Зоран Бошкоски. Изложбата е наречена ретроспективна бидејќи беа изложени дела кои учениците заедно со наставникот ги иразботувале низ изминативе две години.
Како што објаснува Бошкоски, Тетово изобилува со детски таленти особено на полето на уметноста и согласно тоа дополнува дека треба да се даде поголемо внимание на ликовната култура кај нас.
Настанот беше збогатен и со музички изведби на учениците.
Ивана Серафимовска