„Изолацијата ги погодува децата со попречености, на родителите им е неопходна поддршка“

Deprecated: WP_Query was called with an argument that is deprecated since version 3.1.0! caller_get_posts is deprecated. Use ignore_sticky_posts instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 5062

Notice: Undefined variable: arkrp in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 435

Deprecated: ark_content_rss is deprecated since version 2.9! Use the_content_feed instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 4778

Notice: Undefined variable: excerpt in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 521

Пандемијата со Ковид 19 го поремети животот на сите луѓе. Сепак за ранливите групи, како децата со посебни потреби и нивните семејства, новата состојба донесе дополнителен товар и сложени предизвици.

Дневниот Центар во Гостивар кој згрижува петнаесетина деца со попречености е затворен веќе три месеци. На децата им е скратена можноста да се социјализираат, да се дружат, да бидат дел од  разни активности со поддршка на стручни лица, како што биле претходно навикнати секојдневно.

„Тие деца се научени на социјализација. Во овој период поради изолацијата кај децата се очекува општ застој, ќе се јави непожелно однесување и застој во когнитивните способности.“, вели психологот Арта Арифи Креци.

Комуникацијата на тимот од Дневниот центар со родителите сега се одвива телефонски. Им се даваат совети, им се посочуваат одредени активности кои може да ги прават со децата во домашни услови и слично.

„Од самото затворање на Центарот ние сме во контакт со родителите, на семејствата коишто побарале и имале потреба им даваме психо-социјална поддршка, се обидуваме да ги ангажираме родителите да им организираат на децата некакви активности, но увидовме дека им недостигаат дидактички материјал. Така, во соработка со Министерството за труд и социјала и УНИЦЕФ обезбедивме такви средства кои им беа поделени, за да можат и во домашни услови да спроведат некоја активност.“, објаснува Арифи Креци.

За сега не се знае до кога Дневниот центар во Гостивар ќе остане под клуч. Во меѓувраме есе тимот во соработка со Министерството за труд и социјала и со УНИЦЕФ подготвува посебен протокол под кој ќе се работи, кога ќе се создадат услови за отворање на установата.

Материалы по теме:

Дневниот центар во Гостивар четири месеци работи под посебни протоколи
Дневниот центар за деца со посебни потреби во Гостивар, четири месеци функционира под посебни протоколи за заштита од коронавирус. Установата претходно имаше шестмесечна пауза ...
Од денес индивидуалните спортови започнуваат со тренинг
Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес конференција истакна дека комисијата за заразни болести ќе препорача до Владата на Македонија, од оваа седмица ...
Гостивар ја пребродува кризата со корона, почитување на мерките сепак мора да има
Кризата со коронавирусот на гостиварското подрачје постепено се надминува. Состојбата е стабилна без пораст на заболени, оценуваат надлежните. Од  вкупно 19 дијагностицирани лица со ...
Во гостиварскиот регион осум новозаболени со Ковид 19
Се зголеми бројката на заразени со коронавирус во гостиварскиот регион. Изминатото деноноќие регистрирани се осум новозаболени лица, од кои две во Гостивар и шест ...
Кризен штаб Гостивар: Состојбата со корона стана сериозна
Трендот на зголемување на бројката на заразени со коронавирус на гостиварското подрачје кој почна минатата недела, на денешниот состанок на Меѓуопштинскиот Кризен штаб се ...