Инвестиции во средношколскиот интернат во Гостивар

Во средношколскиот интернат во Гостивар, се реализираат зафати за подобрување на условите за престој на учениците, како и за работните обврски на кадарот.

Собите добиваат нов изглед, со нов под, врати, а за напролет планирано е реновирање и на тоалетите во собите за девојчињата.

„Сега поставуваме нови врати во собите кај момчињата, додека кај девочињата тоа беше направено во текот на зимскиот распуст. Ставивме и нов ламинат, а некаде во мај ќе се реновираат и тоалетите. Се трудиме условите да се подобрат што повеќе“, рече  Линдихана Салаи Сулејмани, директор на средношколскиот дом во Гостивар.

Пред да започне школската година, во летниот период  беа набавени нови кревети, душеци, бироа и столчиња за сите соби. Реновирани се, исто така кујната и холот на зградата.

Инвестициите за подобрувањето на условите даваат резултати и бројката на деца кои се сместуваат во гостиварскиот интернат постојано се зголемува. Моментално тука престојуваат околу 180 средношколци.

Зголемениот интерес е уште еден плус за интернатот, со оглед на тоа што финансирањето на установата оди преку Министерството за образование, според бројот на деца.

error: Content is protected !!