Иницијативите Шар Планина и Осоговските Планини да бидат прогласени за заштитени подрачја добија институционална поддршка

Владата на вчерашната седница ја усвои иницијативата за прогласување на Шар Планина и Осоговските Планини за заштитени подрачја. Согласно законската процедура во претстојниот период ќе бидат спроведени јавни расправи по предлозите со локалното население, како и сите засегнати страни и по усогласувањето на мислењата и забелешките, ќе бидат изготвени конечни предлози.

Одлуката ја поздравуваат невладините организациите кои во изминатиот период се залагаа Шар Планина да биде Национален парк, со која би се заштитиле природните ресурси, а исто така би се спречила масовната сеча на шума. 

Од Здружението Еко Герила велат дека штетата на Шар Планина е огромна, со дивата сеча и изградбата на хидроцентрални.

Од друга страна Ловечка федерација на Македонија на социјалните мрежи објави дека е против одлуката за прогласување две нови заштитени подрачја бидејќи велат дека со тоа ловството би имало трајни последици.

error: Content is protected !!