Инспекцијата затвори локал во Добридол каде имало свадба со 120 гости

Семејни веселби со масовни присуства има и покрај забраната за нивно организирање. Вчера во селото Добридол бил затворен локал во кој се правела свадба. Во Полициското одделение Галате околу 19 часот било пријавено дека во угостителски објект во Добридол, сопственост на 33-годишниот М.И. , била организирана свадбена веселба од 55 годишниот М.И. од гостиварско Врапчиште, на која присуствувале околу 120 гости. Во содејство со Државен пазарен инспекторат бил извршен увид и објектот добил клуч на врата. Најавени се соодветни пријави.

Инаку, полицијата и пазарните инспектори во текот на изминатото деноноќие на гостиварското подрачје извршиле 55 контроли по угостителски објекти, при што во еден објект биле констатирано непочитување на владината одлука.

Во истиот период за неносење заштитни маски на вкупно 101 лицa од кои 61 лице во Тетово и 40 во Гостивар изготвени им се прекршочни платни налози. Нови решенија за изолација биле изготвени за 83 граѓани во тетовско и 25 во гостиварско. Контроли во цел полошки регион им биле извршени на над 1.300 лица со вакви решенија и при тоа не било констатирано непочитување на решенијата.

error: Content is protected !!