Информативниот караван за вакцинација и во Тетово
Под слоганот „Заштитени заедно – вакцините делуваат“ караванот за вакцинација денес беше во Тетово. Неговата цел е да пренесе информации до локалните заедници за сите редовни вакцини за деца, вакцините против сезонски грип и КОВИД-19.
Тимовите за имунизација патуваат со караванот, нудејќи вакцинација против КОВИД-19 на лице место.
Повеќе од два века вакцините им помагаат на луѓето да останат здрави – почнувајќи од првата вакцина за заштита од големи сипаници, па сѐ до најновите вакцини што се користат за спречување тешки случаи на КОВИД-19. Затоа е важно да се подигне свеста кај населението за вакцинација.
Информативниот караван за вакцинација го организира Министерството за здравство со поддршка од Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), Детскиот фонд при Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Светската здравствена организација (СЗО).
Данијела Билбилоска