Инфо центар за Шар Планина отворен во Тетово
Зголемениот број туристи на Шар Планина изминативе години поради пандемијата, ја наметна потребата за нивна поголема информираност, но и за едукација, како да се зачува природата. Планинарскиот клуб Љуботен, кој беше вклучен во активностите за прогласување на ова подрачје за национален парк, отвори канцеларија во Тетово, во која граѓаните можат да ги добијат сите потребни информации за Шар Планина.
Агенциите кои нудат туристички услуги сметаат дека непходно е да се промовира Шар Планина преку цела година, а не само во зимскиот период.
Дел од планираните активности на Инфо центарот се и едукативни посети на основци, предавања и работилници насочени кон заштита на животната средина и воопшто вредностите на Шар Планина.
Данијела Билбилоска