Истакнување на ромското знаме и хуманитарни активности за Денот на Ромите во Гостивар

Deprecated: WP_Query was called with an argument that is deprecated since version 3.1.0! caller_get_posts is deprecated. Use ignore_sticky_posts instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 5062

Notice: Undefined variable: arkrp in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 435

Deprecated: ark_content_rss is deprecated since version 2.9! Use the_content_feed instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 4778

Notice: Undefined variable: excerpt in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 521

Меѓународниот Ден на Ромите, 8 април во Гостивар годинава се одбележа со подигнување на ромското знаме на јарболот пред општината и со доделување на хуманитарна помош на ромски семејства кои се во социјална криза.

Поради вонредната состојба со коронавирусот изостанаа вообичаените прослави и манифестации за ромскиот празник.

„Овој 8 април за жал не е како изминатите седум години кога го славевме во добра атмосфера и со сите традици за нас Ромите. Оваа година поради невидливиот непријател коронавирус, најдовме решение кое е прилагодено на условите и ситуацијата во која се наоѓаме. Сакам да ве информирам дека дел од средствата кои беа предвидени за прослава на Денот на Ромите, во соработка со Црвен крст се пренаменуваат за помош на социјални семејства Роми, кои во ова време тешко се снаоѓаат со основни намирници. Сакам да им порачам на сите Роми, да останат присебни и да ги почитуваат мерките донесени од државата. Само господ знае како сето ова ќе заврши, затоа сите ние да си подадеме рака д апомине ова што побезболно.“ изјави Кашмир Салиу, советник на ДСР во Советот на Општина Гостивар

Ромското знаме од денес е истакнато и во големата општинска сала, заедно со останатите. Тоа е одраз на мултиетничноста и меѓусебната почит кои владеат во Гостивар, беше речено при поставувањето на знамето.

„Гостивар е мултиетнички град и добро се знае дека етникумите тука се почитуваат. Поради пандемијата, годинава го одбележуваме 8 април на поинаков начин. Сакам на сите Роми во Гостивар, во целата земја и низ светот да им го честитам празникот и да им посакам да го славата уште долго’, изјави градоначалникот Арбен Таравари.

8 април е прогласен за Меѓународен ден на Ромите во 1990 година на Светскиот конгрес на Меѓународната унија за Ромите во Полска.

Материалы по теме:

Советот на Гостивар за прв пат одржа онлајн седница
Дваесет и четвртата седница на Советот на Општина Гостивар ќе се памети како првата од формирањето на ова тело, која се одржала онлајн. Наместо на вообичаените ...
На инфективно во Гостивар ќе се додаваат кревети за пациенти со ковид
Минатата недела во регионот на Гостивар беше забележан најголемиот раст на заболени со ковид, вкупно 30. Со тоа се зголеми и бројката на хоспитализирани ...
Посебна соба на инфективното одделение во Гостивар за сомнителни случаи на коронавирус
На инфективното одделение во гостиварската болница опремена е просторија за изолација на евентуални пациенти сомнителни на коронавирус. Во просторијата има три болнички кревети, заштитни ...
Младите се` почесто и лесно посегнуваат по дрога
Младата популација се` почесто и полесно посегнува по дрога. Полицијата на гостиварското подрачје постојано евидентира случаи на млади корисници на дроги, па и дилери. ...
Акција за донирање електронски уреди за ученици во Гостивар
Во Гостивар од денес започна акција за донирање на електронски уреди за ученици од социјално ранливи семејства. Целта е и на овие деца да ...