Историски час за формирањето на ЦК на КПМ
Историски час за формирањето на Централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија, денес во дворот на куќата во која била формирана истата во Тетово, пред големиот број деветтодделенци одржа Јоцко Димитриевски претседател на Општинската организација на Сојуз на борци од Тетово, а воедно и пензиониран професор по историја. Целта како што истакнува Димитриевски е младите одблиску да се запознаат со 19-ти март како значаен датум во македонската историја во процесот на создавање на македонска држава.
Димитриевски пред нашата камера открива дека одлуките што се донесени при формирањето на Централниот комитет на КПМ се од големо историско значење.
Централниот комитет на КПМ, бил формиран на 19-ти март 1943 година во Тетово во куќата на семејството Јовановци. По повод, пак, 80-годишниот јубилеј од формирањето, Општинската организација на Сојузот на борци од Тетово најавува свечено одбележување претстојнава недела.
Ивана Серафимовска