Исљами останува на кормилото на ФК Ренова

Екипата на Ренова го продолжи договорот со Шефот на стручниот штаб, Бујар Исљами, на уште една сезона. Исљами на кормилото на Ренова седна пред почетокот на минатата сезона, односно во летото 2019 година, откако претходно го предводеше кичевски Влазрими. Примарната цел на клубот беше да се обезбеди опстанок во лигата, но Ренова прекинатото првенство го заврши на одличната 4та позиција и летово ќе игра во квалификациите на Лигата на Европа. Сето ова беше доволно за раководството на клубот да му даде нов договор на тетовскиот тренер.