Ифраим Љута: Професионалците не можат соодветно да тренираат во домашни услови

Пандемијата на Ковид-19 направи големи проблеми во сите спортови. Натпреварувањата се прекинати, а затворени се и спортските објекти, и за активните спортисти и за рекреативците. Тоа нетренирањето прави големи проблеми, како спортистите да ја заджат својата форма и подготвени да се вратат на спортските терени, се со цел да се избегнат несакани повреди. Со одлука на Владата, сите спортски активности беа прекинати на 12 Март.

Спортот е поделен на две категории. Младински и рекреативен спорт и сениорски и професионален. За првата група е многу полесно бидејќи можат да тренираат и дома со изведување на вежби. Проблемот е кај сениорите и професионалците. За нив овие услови се многу тешки. Не можат соодветно да тренираат и ризикуваат повреди кога ќе продолжат првенствата. – вели Ифраим Љута, тренер на АК Студен од Тетово.

error: Content is protected !!