ИХФ: Нема вајлд-карта за Македонија!

Интернационалната ракометна федерација донесе изненадувачка одлука да не и додели вајлд-карта на Македонија за настап на Светското ракометно првенство во Египет. Нашата ракометна репрезентација како најдобропласирана селекција од последното Европско првенство што не обезбеди пласман на светското, важеше за прв фаворит за добивање на специјална покана. Сепак, ИХФ се одлучи поканите да одат за селекциите на Полска и Русија. Ваквата одлука е разочарувачка бидејќи Македонија надвор од ракометниот терен беше елиминирана од квалификациите, бидејќи поради пандемијата на Ковид-19 не се одиграа квалификациските натпревари против Франција. Сето ова значи дека за прв пат после 2011 година, љубителите на ракометот во нашата земја нема да бидат во можност да навиваат за Македонија на едно големо ракометно натпреварување.