И вчера полицијата казнувала граѓани кои не носат заштитни маски

Изготвени се прекршочни платни налози за 72 лица во тетовско-гостиварскиот регион.

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за неносење заштитни маски на вкупно 72 лицa изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6  од соодветната владина Уредба. 30 граѓани биле казнети на тетовското и 42 на гостиварското подрачје.

Во овој период на 36 лицa (TE-29 и ГВ-7) изготвени им се нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а извршени им биле контроли на ТЕ-587 и ГВ-253 лица со вакви решенија и при тоа не биле констатирани неправилности околу почитувањето на решенијата.

Во полицискиот билтен и информација дека вчера била приведена 46-годишна жителка на Кукс, Република Албанија, поради сомнение дека непријавено престојувала на подрачјето. По приведувањето, таа предадена е во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гостивар за натамошна постапка.

Секторот за внатрешни работи Тетово продолжува со интензивни активности за воспоставување поголем ред и безбедност со паркирањето во Тетово, посебно во неговото централно подрачје. Вчера откриени, санкционирани и подигнати биле вкупно 15 непрописно, односно погрешно паркирани возила, најмногу во зона на крстосници и во таканаречен двоен ред.Во овие контролни активности, исто така, откриени се и 3 лица кои ги управувале возилата без положен возачки испит, 2 возила со истечена регистрација и други видови сообраќајни прекршоци, кои биле заокружени со соодветни поднесоци.

error: Content is protected !!