И оваа година во Луковица ќе биде одбележан празникот Илинден

Црковниот одбор при Манастирот „Свети Илија“ од село Луковица, ги известува православните верници, дека на 2 август (вторник) во црквата „Свети Илија“ во селото, ќе биде одбележан големиот христијански и државен празник Илинден. Одбележувањето ќе започне со црковна литургија, осветување и режење на славските колачи. За присутните верници од страна на кумовите ќе биде организиран ручек, а за забавата на одбележувањето на празникот ќе се погрижи Маестро бенд. За заинтересираните верници на денот на празникот е организиран и превоз. За резервација, верниците може да се обратат на следниот телефонски број 070 371 616.

Ивана Серафимовска