„И ти заслужуваш оброк“

Бесплатен оброк за лицата од социјално ранливи категории граѓани се делат во четири угостителски објекти во Тетово. Храната може да се подигне во периодот од 12 до 16 часот, секој ден, заклучно со овој петок.

Од понеделникот во четири угостителски објекти во централното градско подрачје се делат бесплатни оброци за лицата кои не можат да си ги дозволат. Акцијата е дел од хуманитарен проект „И ти заслужуваш оброк“ на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ од Тетово.

-Целта на хуманитарниот проект е да се подигне свеста кај населението за проблемот  на недостаток на храна во нашиот град, со кој се сочуваат многу млади, како и да се креира можност редовно да се донира храна, вели претседателот на УМС ВМРО ДПМНЕ Тетово, Станислав Бојчески.

До петок, до кога трае хуманитарниот проект, сите заинтересирани лица бесплатни оброци можат да добијат во пицерија Грин, сендвичара Бургер Хаус, пицерија Форум и ресторан Ангел во Тетово. 

Данијела Билбилоска

Powered by Live Score & Live Score App