Каква штета може да предизвикаат обилните врнежи врз земјоделските култури?

Јануари е период кога најмногу се очекуваат врнежи од снег. Но, во изминатите две недели регионот беше зафатен од влажен бран, па се соочивме со секојдневни обилни врнежи од дожд. Како сето тоа влијае на земјоделството воопшто.  Дали земјоделските култури претрпуваат одредени штети кога нивоата на водите драстично се зголемуваат?

Од Одделението за Полошкиот регион на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството информираат и за советите кои им ги препорачуваат на земјоделците за заштита од последиците од неповолните временски услови.

Ако почвата е добро обработена или ако нема високи подпочвени води нема да дојде до голема опасност, додаваат од Агенцијата. Сепак, временските услови не се стабилни и може да дојде до нагло заладување, па заради надојдените води од врнежите да се случи замрзнување и оштетување на житните култури.

error: Content is protected !!