Како да се заштити видот на децата во време на онлајн настава?

Наместо ранец на грб, таблет или телефон во рака. Ова го наметна новото нормално во тековната учебна година. Најголемиот дел од учениците наставата ја следат онлајн, што подразбира долг временски период поминат пред некој електронски уред. За генерацијата која генерално е роб на технологијата, и учењето од далечина носи ризик за последици врз развојот и здравјето. Особено на удар се очите и видот. Офталмолозите советуваат како родителите и децата може да ги спречат или ублажат несаканите влијанија.

„Најважно е децата да не остануваат предолго пред уредите. Факт е дека сега со онлајн учењето мора да поминуваат повеќе време пред компјутер, лап топ, телефон, но она што сакам да го дадам како совет е задолжително да се прават паузи. На секој еден час поминат пред електронски уред, детето да направи пауза од 10-тина минути и при тоа да гледа во далечина, повеќе од чест метри. Може преку прозор, од двор, зависно каде живее. Исто така, секој момент што може да се искористи за прошетка надвор, очите се одмораат на тој начин“, советува д-р Илир Османи, офталмолог.

Доктор Османи нагласува дека родителите задолжително треба да се обратат за медицинска консултација и помош, доколку забележат некакви проблеми со очите кај детето. Симптомите, вели тој може да бидат различни, затоа е важно да се изврши стручен преглед. 

Истражувања во областа на употреба на електронските уреди кај децата и младите покажале дека над половината од нив, го имаат смарт телефонот при рака во секое време од денот. Уште попоразително е што голем дел заспиваат со телефоните уклучени онјалн покрај себе.

error: Content is protected !!