Како не промени пандемијата со Ковид-19 ?

Две години на мерки, изолација, карантини. Носење маски, забрани за групирања. Пандемијата со Ковид-19 во голема мера го промени светот. Донесе неизвесност, стрес, страв. Но, дали во таквите тешки моменти станавме подобри луѓе – дали се смени перцепцијата кон животот? Или пак, пандемијата ги потенцираше мааните и неправилностите на системите, особено во нашата земја? На овие прашања одговараат граѓаните на Тетово:

Забрана за групирање имаше и за во религиските објекти. Голем дел од празниците граѓаните ги поминаа дома, без дружење со своите најблиски и без посета на црковните храмови или џамии. Отец Александар од тетовското архиерејско намесништво, вели дека и покрај мерките, граѓаните ја зајакнале својата верба и сега полека повторно се враќаат во храмовите.

Организацијата е најважна во ваквите моменти, а токму таа беше вистински предизвик во нашата земја, сметаат здравствените работници – оние кои беа први на удар беа токму тие, особено примарното здравство,односно матичните лекари, кои беа задолжени за следење на состојбата на многуте заразени лица.

Маја Пероска