Како тече онлајн наставата во гостиварските училишта?

Deprecated: WP_Query was called with an argument that is deprecated since version 3.1.0! caller_get_posts is deprecated. Use ignore_sticky_posts instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 5062

Notice: Undefined variable: arkrp in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 435

Deprecated: ark_content_rss is deprecated since version 2.9! Use the_content_feed instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 4778

Notice: Undefined variable: excerpt in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 521

Клупите и столчињата се празни. Во училницата е само професорот со лап топ, учебник и белешки. Порано, тоа ќе значеше дека моментално не се одржува час, а професорот се подготвува за наредниот. Но, годинава ова е начинот на кој се изведува наставата. Часот тече онлајн, а како тоа изгледа имавме прилика да проследиме во гимназијата во Гостивар со професорката по англиски јазик Блерима Амети. 

Онлајн наставата е голема промена во образованието и носи потешкотии и предизвици кои ќе мора постепено да се надминуваат.

„Јас лично прво имав потешкотии со креирање на класот, главниот проблем не беше во самото креирање, туку со тие пасворди што им беа доделени на учениците. Тие не знаеја како да се регистрираат и на тоа дополнително работевме два-три дена. Потоа требаше да им се објасни како функционира сето тоа, затоа што апликацијата е на англиски јазик. За нас кои знаеме англиски е многу лесно, но за учениците, па и за некои колеги кои не ги знаат тие изрази и термини, тоа е проблем. Сега за сега имаме потешкотии, но ако им соодветни услови, со тек на време сето тоа ќе се надмине“, рече професорката.

За училишните управи најголем проблем се обезбедувањето на соодветни електронски уреди и стабилна интернет врска, за да може наставата да се одвива непречено.

„Ние како училишта не добивме доволно време за да се подготвиме, се‘ оди набрзина. Голем предизвик е, и за мене како менаџер на училиштето и за педагошко-психолошката служба и за професорите. Но, секојдневно правиме напори, да обезбедиме услови, работиме на подобрување на интернет конекцијата во училиштето, соодветни компјутери и слично.“, изјави Мирсад Исеини, директор на гимназијата во Гостивар.

Учебната година почна пред една недела, а за досегашното искуство и доживување на онлајн наставата професорката Амети вели:

„Навистина е многу различно. Јас лично сакам да почувствувам атмосфера, ми треба фитбек од учениците, да се слушнеме добро, да се видиме. Знаете, во нашата работа изразот на лицето некогаш кажува повеќе од зборовите. Вака онлајн не ги гледам децата, само ги слушам, а понекогаш и тоа не е добро, не се слушаат како што треба. Мислам дека наставата со физичко присуство е незаменлива, но условите моментално се такви какви што се, и мора да се трудиме да дадеме максимум од себе за учениците да го добија знаењето“.

Материалы по теме:

Секторот за образование алармира на недостиг на учебници во училиштата во Гостивар
Недостигот на учебници во основните и во средните училишта е загрижувачки и Министерството итно мора да преземе мерки, потенцираа денес на прес конференција од ...
Можностите за вмрежување на училишните библиотеки во Кобис системот претставени во Гостивар
Училиштата во Гостивар добиваат можност бесплатно да се вмрежуват во националната виртуелна библиотека. Вклучувањето во библиотечниот информациски Кобис систем, за учениците и професорите би ...
Општина Гостивар набави камион за одржување на улично осветлување
Општина Гостивар обезбеди новото специјално возило за одржување на јавното осветлување. Камионот е набавен со грант од Светска Банка од 2,6 милиони денари и ...
Во четврток ќе се одржи Меморијален марш за несреќата кај Ласкарци
Во спомен на жртвите во трагичната автобуска несреќа кај Ласкарци, што се случи лани на 13-ти февруари, во четврток ќе се одржи меморијален марш. ...
Кошарка: МЗТ Скопје – Гостивар 72-78
Кошаркарите на Гостивар забележаа голема победа на гостувањето кај МЗТ Скопје во рамки на 12-тото коло на 1 кошаркарска лига. Гостиварци за прв пат откако е обновен кошаркарскиот клуб ...