Кампања за подигнување на свеста за потребата од донирање органи

Преку видео спотови членови на Здружението и јавни личности упатуваат даваат поддршка.

Со цел подигнување на свеста за потребата од донирање органи Националното здружение на механичка циркулаторна потпора на работата на срцето „Храбро срце“ од утре започнува со кампања.

„Од ден на ден бројот на нашите пациенти се зголемува, а истовремено неколкумина за жал не дочекаа трансплантација. За овие седум месеци изгубивме дури осуммина храбри пациенти. Загрижувачко е тоа што сè почесто имаме млади пациенти кои добиваат ваква механичка потпора“, велат од Здружението.

Бараат од Министерството за здравство да се погрижи за доусовршување на трансплантацискиот тимот, но и едкукација кога станува збор за експлантација на механичката потпора, па потоа транспалнтација на срце.

Инаку, годинава за првпат Здружението „Храбро срце“ го одбележа Европскиот ден за органодарителство преку предавања на универзитетски професори и кардиолози, а целосна поддршка им искажал и претседателот на државата, Стево Пендаровски.

error: Content is protected !!