Кандидатите за пратеници од ВМРО ДПМНЕ во посета на стопански субјекти

Кандидатите за пратеници од ВМРО ДПМНЕ денес посетија дел од стопанските субјекти во Тетово. На бизнисмените и занаетчиите им ја презентираа програмата за Обнова на Македонија, во делот на економијата и поддршка на бизнис секторот. 

„Стратешка определба на ВМРО ДПМНЕ е зголемување на економскиот раст и раст на вработеноста, пораст на животниот стандард и поквалитетен живот за сите. Се обврзавме во иднина да обезбедиме раст на БДП од 4-5 % годишно, намалување на стапката на невработеност под 10 %, но и пораст на платите за 25 %, како и враќање на рамниот данок со стапка од 8%“, рече Александар Велјановски, кандидат за пратеник од ВМРО ДПМНЕ.

Остатокот од денот кандидатите за пратеници ќе бидат помеѓу граѓаните со штандови со рекламен материјал, но исто така ќе  посетат и неколку населени места за да ја презентираат програмата.

error: Content is protected !!