Кандидатките за пратеници на СДСМ со предизборни активности во Тетово

Во рамки на вчерашните активности кандидатите за пратеници од коалицијата Можеме, го посетија Средното училиште Моша Пијаде и организираа две трибини во Тетово. 

Кандидатките за пратеници од коалицијата Можеме за ИЕ 6, Фаница Николоска и Татијана Лалчевска, заедно со  заменик министерката за образование, Елизабета Наумовска, вчера го посетија ССОУ “Моша Пијаде ” од Тетово.

„Ова училиште со одлуката да стане “ВЕТ” центар (заедно со уште две училишта) прераснува во елитен и модерен средношколски училишен центар. Воведуваме квалитет во образовниот процес. Формираме здрави и квалитетни кадри за развој на целокупното општество. Затоа што можеме и знаеме како“, рече Николоска.

Фаница Николоска на вечерашната мини трибината “Градиме држава” се обрати пред членовите од Сојузот на Борци и младинци од Тетово. Таа наведе дека и самата потекнува од семејство на учесник во НОБ со што уште повеќе ја чувствува одговорноста, пренесена со генерации и нејзината морална обврска да градиме држава држава,која ќе овозможи еднакви права и можности за сегашните и идни генерации.

„Исправени пред предизвиците на модерното општество, подеднакво одговорно како младите кои доброволно се приклучиле во НОБ, ние треба да го следиме нивниот пример. Да застанеме цврсто во поддршка на вистинските вредности. Да поставиме нови цели и нови дострели. Да градиме држава со модерно и ефикасно здравство, држава со квалитетно образование. Држава која на младите ќе им овозможи квалитетен живот соодветен на нивните врсници од современите европски држави“, истакна Николоска.

Во текот на вчерашниот ден беше организирана и трибина на која учествуваа група просветни работници од Тетово. Кандидатката за пратеник Татјана Лалческа притоа истакна дека приоритет на идната Влада предводена од #СДСМ е создавање на квалитетно образование достапно за сите.

„Вложуваме во нашите деца и млади, бидејќи тоа е вложување во нашата иднина. Доброто образование гради слободни граѓани, ја засилува економијата и го зацврстува демократското ткиво. Заедно и тимски #Можеме и ќе успееме да создадеме поквалитетно образование“, рече Лалческа.

error: Content is protected !!