Капелата во Тетово се уште не е пуштена во употреба

Се чека на нејзино опремување и обуки за вработените.

И по два месеци откако градските власти се пофалија дека капелата на православни гробишта во Тетово е целосно изградена, а минатиот месец беше предадена во владение на Јавното комунално претпријатие Тетово, таа не е пуштена во употреба.

Прашањето се покрена на денешната седница на Советот на Општина Тетово. Од советничката група на ВМРО ДПМНЕ се сомневаат дека капелата има низа пропусти. Побараа одговор од властите на неколку прашања.

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи, вели дека капелата е целосно изградена и се очекува да биде пуштена во употреба од страна на ЈКП Тетово која ќе стопанисува истата.

Од Јавното комунално претпријатите Тетово, велат дека во тек е процес на опремување на капелата, ќе треба да се вработат неколку лица да ја одржуваат, кои претходно треба да поминат одредена обука. Велат дека наскоро објектот ќе биде пуштен во употреба, но кога не прецизираа.     

error: Content is protected !!