Карантинот во руралните средини полесно се поминува-раздвижени само земјоделците
Карантинот во руралните средини полесно се поминува-раздвижени само земјоделците
Работа низ двор, во бавча, по некое кафе со соседите-карантинот во руралните општини поминува поопуштено. Брвеница е една од петте општини во полошко опфатени со тридневниот карантин.Мештаните со кои поразговаравме велат дека полицискиот час се почитува, а карантинот на село, баш и не се доживува тешко.
Од обиколката што ја направивме и низ околните села, сликата беше речиси иста.Полицискиот час генерално се почитува.
Тишина и невообичаено празни улици затекнавме и овде во Челопек, кое со околу 10 илјади жители, е едно од најголемите села во тетовско.
Најголема раздвиженост имаше на земјоделците.Полно трактори по улиците, во полињата.За нас нема одмор и карантин, мора да се работи, велат земјоделците.