Касами направи увид во активностите за уредување на Бањиче

Тетовскиот градоначалник Биљал Касами вчера изврши увид на градешните работи за уредување на месноста Бањиче во Тетово. Тој информираше дека дел од планираните активности се веќе завршени, а наскоро ќе биде поставено и детско игралиште.

Инаку месноста Бањиче, особено во текот на летните месеци, е местото за рекреација и пешачење и бегство на тетовци од горештините.

Данијела Билбилоска