Касами на прес конференција побара одговори и за бизнис здeлките на внукот на Ахмети

Лидерот на Движењето БЕСА, Биљал Касами, не верува дека Обвинителството ќе биде непристрасно во случајот со струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, кој се најде на американската црна листа поради сомневања за корупција, поради, како што рече, поврзаност на првиот човек на оваа институција со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Касами на прес конференција побара одговори и за бизнис здлеките на внукот на Ахмети, но и оставки за да се спроведе вистинска истрага.