Кафетериите во Гостивар можат да продаваат кафе по шалтерски систем

Кафетериите во Гостивар добија зелено светло да продаваат кафе по шалтерски систем. Дозволата за продажба на кафе по принципот „купи и оди“, дојде по  барање на Меѓуопштинскиот кризен штаб. Градоначалникот Арбен Таравари рече дека одлуката од денес е официјализирана со објавување во Службен весник, нагласувајќи дека угостителите во работата мора да ги испочитуваат препораките за заштита од коронавирус.

„Како меѓуопштински штаб го дадовме овој предлог уште на 27 април и Владата донесе заклучок на 30 април дека го прифаќа, но до денес тоа не беше објавено во Службен весник. Денес се објави и јас ги известив кафетериите и рестораните дека може да продаваат кафе. Секкао должни се да ги почитуваат мерките, продажбата да се одвива само по системот „земи и оди“, да нема групирања и послужување на гости на маси“, рече градоначалникот.

Во регионот моментално има само 4 активни случаи на корона, односно по два во општините Гостивар и Маврово Ростуше. Општина Гостивар повеќе од две недели нема нови заболени лица.

Меѓуопштинскиот кризен штаб утре ќе одржи состанок, на кој ќе се разгледаат состојбите и ќе се донесат нови заклучоци и предлози, најверојатно во насока на олабавување на рестриктивните мерки.

error: Content is protected !!