Кај Маврово во сообраќајка шест повредени меѓу кои и деца

Информации од полицискиот билтен.

Шестмина повредени, од кои две деца на возраст од пет и три години, во сообраќајна несреќа помеѓу две возила, на регионалниот пат Гостивар-Маврови Анови, во близина на Мавровската крстосница. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на едното возило, а со телесни повреди се здобиле сопатниците од истото возило и две деца на возраст од пет и три години, потоа возачот и сопатничка од другото возило. Сите повредени со медицински возила пренесени се во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

Во СВР Тетово вчера е пријавено дека 54-годишник од гостиварски Равен, работејќи на замена на електрични кабли во ова село, се здобил со повреди, по што бил пренесен во гостиварската Болница за укажување на лекарска помош. Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Вчеравечер 25-годишник од гостиварска Ломница во полицијата пријавил дека на улица „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, по која се движел со неговото возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, бил физички нападнат од три лица од Гостивар, кои излегле од две патнички возила, а потоа набрзина заминале од местото.

Вчера 53-годишен тетовец, околу 4 часот пријавил дека физички бил нападнат од неговиот 25-годишен син, а 19-годишник од Тетово пак, пријавил дека бил каснат од куче скитник на улица „Борис Кидрич“ во Тетово.

error: Content is protected !!