Кимет Јусуфи од Гостивар меѓу најуспешните млади научници

Гостиварецот Кимет Јусуфи, доктор по физика е меѓу најуспешните млади научници за 2020-та. Признанието годинава се воведува за прв пат во земјава, под покровителство на  претседателот Стево Пендаровски, со мотото „Успешни млади“. Претседателот го додели на истакнати млади луѓе во областа на општествени, природно математички, медицински науки, млади иноватори, таленти и успешни млади со попреченост.

Јусуфи, својата научна дејност ја насочува на проблеми поврзани со хикингово зрачење, егзактни решенија за црни дупки, рефлексија на светлина во гравитациони поле итн. Работи како професор по физика во гостиварската гимназија, а од пред неколку дена е избран за доцент на универзитетот во Тетово.

„Оваа награда ми е поттик уште повеќе да продолжам со научно истражувачка дејност од областа на физиката“, рече Јусуфи.

Претседателот Пендаровски упати честитки до добитниците.

„Признанието го добија исклучително талентирани млади луѓе кои минатата година постигнале врвни резултати во областа на општествените, природно – математичките и техничките, хуманистичките и медицинските науки, во областа на уметноста и иноваторството и придонеле за поголема инклузија на ранливите.“, изјави Пендаровски.

Признанието „Успешни млади“, освен гостиварецот Јусуфи го добија и: Анастас Вангели, Борче Арсов, Моника Ѓорѓиева, Весна Бачева, Ангела Бушеска, Ардиан Шабани и Симона Димковска.

error: Content is protected !!