КК Тетекс ги поддржува одлуките на УО на КФМ


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Раководството на КК Тетекс ги поддржува одлуките на УО на Кошаркарската Федерација на Македонија за формирање на единствена 2. лига и 3. лига од сезоната 2021/22. Тоа значи дека идната сезона ќе има испаѓање од двете втори лиги.

Претседателот на КК Тетекс, Славчо Марковски – Чаве, смета дека клубот нема да биде загрозен од испаѓање во понизок ранг, дури Тетекс може да се вмеша и во борбата за висок пласман, односно за позициите кои водат во повисок ранг. Формирањето на единствена 2. лига ќе го зголеми квалитетот на првенството.

Рокот за пријавување на екипи во второлигашката конкуренција за следната сезона е до први септември, по што ќе бидат познати и сите детали.