КК Тетекс остана без можност да разигрува во Плеј-офот

Управниот одбор на Кошаркарската федерација на Македонија донесе одлука за комплетен прекин и на второлигашката конкуренција. Иако беше планирано новите прволигаши да се добијат преку одигрување на плеј-оф по нок аут систем, сепак од КФМ одлучија дека нема услови за такво нешто. Според последната одлука, екипите на ТФТ од Скопје и Црн Дрим од Струга како првопласирани на тебалата во двете групи обезбедија пласман во повисок ранг. Тоа значи дека кошаркарската прва лига за наредната сезона ќе брои 12 екипи, а од лигата ќе испаднат последните 4 екипи. Екипата на Тетекс од Тетекс која настапуваше во втората лига запад, првенството официјално го заврши на 4тата позиција на табелата, без да добие можност да разигрува во плеј-офот за пласман во прволигашката конкуренција.

error: Content is protected !!