Коалицијата „Можеме“ вчера одржа граѓанска трибина во Врапчиште

Оттаму кандидатите за пратеници ги најавија предвидените проекти за овој регион.  

„Ја развиваме инфраструктурата како основа за директни инвестиции, конкурентност на економијата и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Имаме јасно поставена рамка преку која ги идентификуваме и приоритетизираме инвестициите во инфраструктурните потреби на нашата земја, а истовремено и го овозможуваме нивното реализирање. Токму преку инвестициите во инфраструктурата, покажавме дека парите ги враќаме кај граѓаните и ги исправаме грешките на претходните криминални проекти што ги затекнавме по патиштата, а со цел да продолжиме со градење. Го продолжуваме проектот „Македонија без кал” преку којшто во изминатите три години работевме на изградба на локални патишта низ целата држава со цел подобрување на условите за живот“, рече Фаница Николоска, кандидат за пратеник на СДСМ и Коалицијата „Можеме“.

„Турците активно учествуваат во политичкиот живот во нашата држава и се важна алка во нашето мултиетничко општество и продлабочување на традиционалните пријателски односи со Република Турција. Мислејќи за подобра иднина ние дојдовме да бидеме во коалиција со СДСМ. Имаме програмски усогласувања и затоа сме дел од Коалицијата „Можеме“. Tриесет години на политичката сцена здружена сила со исто така стара, искусна и голема партија како СДСМ, за подобра иднина на сите. Нашиот стремеж отсекогаш бил и останува ист. Земја со еднакви права и можности за сите, порача Бејџан Илјаc, кандидат за пратеник од Коалицијата „Можеме“.

error: Content is protected !!