Ковид кризата ја зголеми невработеноста во Гостивар

Deprecated: WP_Query was called with an argument that is deprecated since version 3.1.0! caller_get_posts is deprecated. Use ignore_sticky_posts instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 5062

Notice: Undefined variable: arkrp in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 435

Deprecated: ark_content_rss is deprecated since version 2.9! Use the_content_feed instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 4778

Notice: Undefined variable: excerpt in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 521

Ковид кризата придонесе да се зголеми бројот на невработени во гостиварскиот регион.  На листата на Агенцијата за вработување, актуелно има околу 10.600 лица без работа. Точната статистика и деталните показатели ќе се знаат на крајот од годината. Она што е познато е дека околу 70 работници добиле откази од почетокот на пандемијата. Од Центарот за вработување во Гостивар велат дека има и случаи кога граѓаните се пријавуваат во евиденцијата на невработени за да користат домашни платежни картички и ваучери од државата.

„Невработеноста е зголемена, но детална слика се‘ уште немаме. Бројките се повисоки, меѓутоа не е толку страшна состојбата, треба да се има предвид дека има и случаи кога граѓаните се пријавуваат во евиденцијата на невработени за да користат бенефити, мерки како домашни платежни картички и ваучери од државата.“, вели Хисен Амзаи, раководител на Центар за вработување во Гостивар.

Што се однесува до спроведувањето на активните мерки за вработување, гостиварскиот Центар ја оценува годинава како успешна. Преку овие мерки работа обезбедиле 340 невработени граѓани.

Според официјалните податоци, меѓу невработените на подрачјето на Гостивар најбројни се лицата без или само со основно образование. Со завршено средно училиште има околу 2.400 невработени, со факултет 634. На листата на невработени запишани се и 58 магистри на науки.

Материалы по теме:

Црвениот крст Гостивар достави над 1.200 хуманитарни пакети
Хуманитарните организации на гостиварска територија периодов кога владее вонредна состојба поради коронавирусот, секојдневно се активни на терен. Општинската организација на Црвениот Крст изминативе две ...
Средните училишта во Гостивар се подготвуваат за уписи според протоколот за заштита
Средните училишта во Гостивар ги вршат подготовките за спроведување на уписите за полуматурантите, според Протоколот за заштита од коронавирус. Оваа година запишувањето нема да ...
Гостивар моментално со 264 активно заразени со коронавирус
Од почетокот на месец август гостиварскиот регион се наоѓа во највисоката фаза на ризик од ширење на коронавирусот. Заедно со Скопје, Штип и Куманово, ...
Во гостиварските училишта тргнаа 660 првачиња
Во училиштата на гостиварска територија во оваа учебна година во прво одделение тргнаа околу 660 деца. Училишните управи и учителките утрово им подготвија весели ...
ОУ „Исмаил Ќемали“ во Гостивар стана дел од германскиот проект „Партнери на иднината“
Со потпишување на договор на пригоден настан, се официјализираше соработката меѓу Основното училиште „Исмаил Ќемали“ во Гостивар и Гете институтот, со кој гостиварското ...