Ковид-19 и бремените жени: ризици, информации, препораки

Податоците со кои се располага во однос на новиот коронавирус во светот засега се ограничени. Познати се ризичните групи на луѓе, но особено внимание се посветува на трудниците. Бројот на регистрирани трудници заболени од Ковид-19 засега во светот е многу мал, но ситуацијата постојано се менува, вели гинекологот д-р Борислава Спироска. Докторката ги објаснува ризиците и сите познати информации кои ги засегаат бремените жени, во врска со ова заболување.

„Брмемените жени немаат поголем ризик да се заразат од другите луѓе, ако ги почитуваат препораките за социјална дистанца и редовна хигиена. Жените кои се бремени, а се заразат од Ковид-19 не значи дека ќе имаат поголеми компликации со болеста само заради тоа што се бремени, освен ако не припаѓаат на групата луѓе кои веќе имаат други хронични болести, како дијабет, висок крвен притисок и друго“, вели д-р Борислава.

Д-р Спироска информира дека важно е и во кој период од бременоста се манифестира болеста кај трудницата, во однос на ризик факторите.

„Што се однесува до плодот, многу е важно во кој триместар би се заразила трудницата. Постојат повеќе ризик фактори за плодот, ако тоа се случи во првиот триместар, за разлика од последниот, кога опасноста е минимална“, вели д-р Спироска.

Против природата не се може, на тоа не учи оваа ситуација, вели д-р Спироска. Бременоста зачната по природен пат не може да ја ограничиме, истакнува докторката, но во однос на посакуваната бременост и тоа во случај на вештачко оплодување , таа советува да се почека доколку не е веќе започнат самиот процес, бидејќи посетата на медицинските установи периодов е ограничен, а и при прегледите не е можно да се почитува мерката на оддалеченост, додава д-р Спироска.

error: Content is protected !!