Колку пари толку третирани кучиња

Повторно во Тетово проблемот со бездомни кучиња ќе се решава по теркот -колку пари толку третирани кучиња. Но, со оглед на тоа што нивниот број изминатиот период значително се зголеми, се поставува прашањето дали сумата од 20 илјади евра која ја издвои Општина Тетово ќе биде доволна? Тетовскиот градоначалник вели дека пробемот не може да се реши затоа што кучиња се носат од другите градови. Според него, сите полошки општини треба заеднички да делуваат.

Проблемот со кучињата скитници во Тетово се провлекува со години. Жителите се загрижени за нивната безбедност од глутниците кои ги демнат секојдневно.

Од операторот кој го добил тендерот се уште не сакаат да даваат изјави како ќе тече третманот на бездомните кучиња, дали ќе има стационар и други детали. Од Општината велат дека се чека на уште еден документ кој треба да го обезбедат, за официјално да започнат со работа.

Данијела Билбилоска