Компромис за државната матура – се чека уште на конечен облик на интерното полагање

Откако матурантите две недели ја бојкотираа онлајн наставата, претставниците  на Сојузот на средношколци изминатиов викенд одлучиле да го прифатат предлогот за компромис во врска со полагање на државната матура. По вчерашната средба со претседателот на Владата Зоран Заев  каде што бил потврден заедничкиот договор сега преговорите продолжуваат во работни групи во делот на изнаоѓање најсоодветен концепт, односно модел за изведување на интерните предмети.

Од Средношколскиот сојуз велат дека имаат неколку идеи за спроведувањето на полагањето интерни предмети.

Од Сојузот на средношколци дискутирале со властите со полагањето да се почне на 5 јуни, а не на 29 мај, со цел учениците да имаат повеќе време за подготвување.

error: Content is protected !!