Конечно започнаа да се уредуваат новите православните гробишта кај тетовско Фалише.

Конечно започнаа да се уредуваат новите градски православни гробишта кај тетовско Фалише. Изградена е настрешница, а периодов што следи целата локација хортикултурно ќе се уреди.

Настрешницата е донација на жител на Тетово, откако на чело со митриполитот на Тетовско – гостиварската епархија беше формиран Иницијативен одбор за уредување на православните гробишта. Во план е на оваа локација да се изгради трпезарија и црква.

-Сакаме да ја информираме јавноста дека е формиран Иницијативен одбор за уредување на гробиштата со благослов на митрополитот Г. Јосиф. Во соработка со ЈКП Тетово ќе работиме на уредување на гробиштата, каде православните христијани ќе можат достојно да бидат погребани, рече Ивица Симјановски од иницијативниот одбор за уредување на православните гробишта.

Од Секторот православни гробишта при Јавното комунално претпријатие Тетово, велат дека дел од настрешницата ќе биде затворена, а од наредниот месец целата локација хортикултурно ќе се уреди.

-Дел од настрешницата која ќе биде затворена ќе ја користат самите работници од нашиот сектор. Тука можат да чуваат алат и слично. Ние сега ќе бидеме поприсутни тука, се планира и изградба на септичка јама и сите други пропратни објекти, изјави  Гоце Новески од секторот за православни гробишта при ЈКП Тетово.

Од иницијативниот одбор упатија апел за донација, со цел конечно уредување на локацијата кај тетовско Фалише.

Од Јавното комунално претпријатие Тетово, најавија дека капелата на старите градски гробишта ќе биде пуштена во употреба наредниот месец, откако ќе се набави дополнителна опрема за овој објект.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!