Конечно премиера на „Малечка“ на Ана Андонова во Тетово

Креативно, уникатно, автентично – и новото парче филмска магија на Ана Андонова синоќа ја доживеа својата премиера во Тетово. Младата Андонова уште еднаш воодушеви со својот талент и реализација на новиот краткометражен филм „Малечка“. Заради состојбата со пандемијата премиерата мораше да се одложи, но на задоволство на Тетовци, филмот вчеравечер имаше две проекции, а целиот настан се одржа според препораките за заштита. Ана ни раскажа неколку детали за самото снимање на филмот.

И ова нејзино дело, Ана ќе го испрати на низа фестивали.

Андонова несомнено реди низа успеси со нејзините дела. Публиката задоволна, а исто и таа, што после подолго време, ваквите настани за Тетовци претставуваат вистинско културно освежување.

error: Content is protected !!