Конференција за аутизам на Штуловиот универзитет

Штуловиот универзитет во Тетово беше домаќин на четвртата меѓународна балканска конференција за аутизам. Присуствуваа реномирани тренери и експерти од оваа област.

„Ова е четврта меѓународна конференција на која доаѓаат експерти од целиот свет и се одржува во земујите на Балканот за да се крене свеста. Аутизмот се уште е табу тема во балканските земји, а децата не се доволно прифатени во општеството. Донесовме експерти и луѓе од повеќе места од светот, со цел да ни презентираат што се се случува во светот и каква технологија се користи во светот при работата со деца со аутизам. Конференцијата е показател дека ние во иднина ќе се обидеме да отвориме еден центар за децата со аутизам, како и да отвориме здравствени програми за терапевти и експерти од оваа област бидејќи едукацијата е многу важна. Исто така, потребно е студентите да се едуцираат во оваа насока, односно да имаат можност да посетуваат ваква студиска програма за да се подготват за работа со деца од аутистичен спектар“, изјави Бојан Радиќ, доктор на науки за логопедија.

Маја Пероска