Координација за референдум на Движењето против коцкање
Закажана нова средба за координација за предложениеот референдумот на Движењето против коцкање.
Движењето против коцкање, кое изминативе години се залага објектите на игри на среќа да се оддеалечат од населените места, најавува одржување референдум на кој граѓаните на Тетово, ќе се изјаснат по ова прашање. На 20 мај треба да се сретнат со советниците и да ги прецизираат следните чекори.
Дали сакаат да има објекти за игри на среќа, тетовчани ќе се изјаснуваат преку референдум. Од Движењето Антикоцкање, кое е иницијатор за спроведување референдум во општината, велат дека се прават последните подготовки за негово одржување.
„Со координаторите на партиите во Советот имавме средба и остана да се договориме за датумот за одржување референдум. Еден ден ќе се се гласа на сите изборни места каде се гласа за пратеници и за локални избори. Целта на референдумот е една порака да упатиме до власта дека овој народ не ги сака игрите на среќа зашто тие не носат среќа туку носат несреќа, затоа референдумот ќе се одржи во Тетово и во цела Македонија“, изјави Јуши Емерлаху, Движење Антикоцкање.
Од локалната самоуправа велат дека иницијативата за одржување референдум е доставена до нив, па по првата одржана средба, закажана е нова кон крајот на овој месец, за да се прецизираат чекорите, за неговото спроведување да помине успешно.
„Зошто се важни овие средби ? Затоа што намерата е да се пристапи посериозно и подобро да се разгледа прашањето за референдум, со оглед на тоа што знаеме дека за да биде успешен еден референдум успешен потребна е излезност над 50% од гласачите, што во досегашната историја на избори во Тетово не е забележано, така што веројатно после оваа средба на 20 мај, ќе има некој унифициран, конкретен став на поличките партии какви ќе бидат следните чекори околу прашањето за референдумот“, изјави Милена Вучевска, портпарол на Општина Тетово.
Инаку пратениците треба да ги усвојат предложените законски измени со кои се предвидува оддалечување на објектите на игри на среќа на 500 метри од образовните институции.
Од здруженијата, пак поврзани со игрите на среќа се против ваквиот закон, зашто, според нив, на тој начин ќе истотите ќе се спроведуваат нелегално, а со затворањето на објектите, ќе се загрозат работните места и егзистенцијата на вработените и нивните семејства.
Данијела Билбилоска