Користени ракавици и маски се фрлаат на улиците во Гостивар


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Поради состојбата со коронавирусот, голем број од граѓаните во Гостивар периодов носат медицински маски и ракавици. Неретко, ваквата заштитна опрема завршува фрлена среде улица, на зелените површини или покрај корпите на ѓубре.

Користените маски и ракавици се потенцијални пренесувачи на вирусот и други зарази и не смеат да се фрлаат насекаде. Од гостиварското јавно комунално претпријатие велат дека секојдневно се соочуваат со овој проблем. Апелираат на поголема одговорност и внимателност од граѓаните, затоа што на таков начин работниците кои се грижат за хигиената се ставени во опасност.

„Оваа појава навистина е загрижувачка. Граѓаните кои фрлаат ракавици и маски по улиц или до кантите за отпад, го загрозуваат здравјето на нашите вработени. Ги повикувам сите граѓани да бидат повнимателни, затоа што од сите нас зависи каква ќе биде состојбата со коронавирусот“, рече Исак Лазами, директор на „Комуналец“ Гостивар

Додека од сите страни не престануваат апелите за високо ниво на лична и јавна хигиена и максимална внимателност,  поединци со своите неодговорни постапки го зголемуваат ризикот од ширење на инфекции.