Коронавирусот во полошкиот регион отпушти над 1000 работници.

Коронавирусот во полошкиот регион отпушти над 1000 работници. Дел од нив се и поранешните вработени на Тетекс Јарн, кои останаа без работа и неисплатени плати. 

Наместо да бидат исплатени тие добија отказни решенија за време на пандемија, откако како што велат биле изманипулирани од претходното раководство на фабриката.

Велат дека со сегашното раководство преговараат за неисплатените плати и евентуалното враќање на работа, но се уште не добиле конкретен одговор. Моментално сите 160 вработени се под Центарот за вработување.

Ваква слична судбина делат над 1000 работници од полошко кои се отпуштени за време на пандемија. Од Центарот за вработување Тетово, истакнаа дека склучуваат договори за спроведување на мерките за субвенционирање на плати, а во меѓувреме посредуваат при вработување, но засега поради пандемијата само по електронски пат.  

Од Кризниот штаб на Општина Тетово, велат дека со олабавуавњето на мерките, ќе се отворат големите економски последици од оваа криза. Градоначалничката Арифи, смета дека новиот сет на економски мерки треба да ги заштитат најпогодените семејства од коронавирусот.

Од полошкиот регион заклучно месец април, во Агенцијата за вработување се евидентирани 21 109 невработени лица или 1077 повеќе споредбено со месец Фавруари.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Powered by Live Score & Live Score App