Корона вирусот го редуцира работење на повеќе угостителски и услужни објекти во Тетово

Дел од нив работаат со скратено работно време, некои нудат само основни намирници.

Корона вирусот ја намали работата кај занаетчиите услужните но и угостителските дејности. Берберницата на Седат Османи веќе втора недела работи со скратено работно време, со цел поголема заштита од вирусот. Вели дека во рамки на нивните можности се заштитуваат. Внатре во објектот не се дозволува да има гужви, а се пушта по еден муштерија.

Останатите услужни и угостителски објекти работаат според порепораките. Храната се нарачува пред самиот објект се чека ред надвор пред повеќе компании каде граѓаните ги плаќаат сметките.

По тротоарите и улиците се намалени гужвите , а голем дел од луѓето носат заштитни маски и ракавици.

error: Content is protected !!