Костадиноски: формирана е општинска комисија за проценка на штетите од поплавите во Раотинце

Формирана е општинската комисија за проценка на штетите врз земјоделските површини настанати од обилните врнежи кои придонесоа за излевање на реката Вардар во село Раотинце, информираше денес градоначалникот на Општина Јегуновце, Димитар Костадиноски. По извршената проценка која се предвидува да трае десеттина дена, записниците треба да поминат на општинскиот совет, а потоа ќе бидат испратени до второстепена комисија за обесштетување, дополни Костадиноски.

Увид во поплавените места, денес изврши и Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ, кој како главна причина за поплавите, ја потенцира неажурноста на централната власт, првенствено во поглед на чистењето на речното корито на Вардар.

Проблемот со поплавите од реката Вардар, во Општина Јегуновце е децениски.

Ивана Серафимовска