Кошарка: Пораз на Гостивар, победа за Тетекс

КОЖУФ – ГОСТИВАР 87-82

Кошаркарите на Гостивар загубија во дербито на 14-тото прволигашко коло од Кожуф во Гевгелија. Двете екипи одиграа возбудлив и динамичен натпревар со многу пресврти на двете страни. Победникот беше решен во последната минута од натпревар, кога Кожуф не само што направи пресврт, туку успеа и да го добие мечот со 87-82. Гостиварци имаа предност на полувремето од 43-38, а таа предност беше намалена на само два разлика после крајот на третиод период. Најдобар поединец на теренот беше Ѓорѓе Џелетовиќ со 25 поени и индекс на корисност од 30. После 14-тото коло, екипата на МЗТ Скопје е осамена на врвот на табелата со 11 победи, додека Кожуф, Работнички, Гостивар и ЕуроНикел се на делба од втората до петтата позиција со идентичен ефект од 10 победи и 4 порази. Идното коло Гостивар повторно ќе гостува, овој пат во Кавадарци, кај Еуро Никел 2005.

ТЕТЕКС – АЛБЕС 76-64

Екипата на Тетекс имаше успешен старт на пролетниот дел од сезоната во 2. кошаркарска лига Запад. Тие на домашен терен го совладаа дебитантот во лигата Албес со 76-64. Тетовските кошаркари уште од стартот на натпреварот ја имаа резултатската предност во своја корист, а кон средината на вториот период стигнаа и до највисоки 31-19. Сепак, гостите со серија од 14-2 успеаја да се изборат за нерешено, 33-33 на полувремето. Тоа беше се што направија гостите на овој натпревар. Во второто полувреме комплетна доминација на кошаркарите на Тетекс, кои стигнаа и до водство од 20 разлика. Со оваа победа Тетекс дојде на делба на четвртото место со ефект од 4 победи и 3 порази, позиција која носи пласман во разигрувањето за пласман во 1. лига.

Сите кошаркарски натпревари кои се одиграа изминатиот викенд, започнаа со минута молк во чест на трагичната смрт на македонската кошаркарска легенда, Благоја Георгиевски Буштур, кој го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа.

error: Content is protected !!