Кошарка: Утре Гостивар – Вардар

Викендов
со натпреварите од 13-тото коло продолжува
првата македонска кошаркарска лига.
Екипата на Гостивар на домашен терен
ќе има лесна задача против аутсајдерот
Вардар. Гостиварци во моментов се на
делба на првата позиција на табелата
заедно со МЗТ Скопје со ефект од 9 победи
и 3 порази. За разлика од нив, Вардар е
на претпоследната, 9-та позиција со само
две победи и 10 порази. Со оглед на ваквата
состојба на табелата, се очекува
гостиварци да немаат никакви проблеми
со својот ривал, но и дел од играчите да
добијат поштеда од страна на тренерот
Марјан Србиноски. Дуелот помеѓу Гостивар
и Вардар се игра утре со почеток во 18
часот во спортската сала Младост во
Гостивар.

На останатите натпревари од 13. коло на првата македонска кошаркарска лига се среќаваат: МЗТ-2 – Кожуф, Академија ФМП – ЕуроНикел 2005, Пелистер – Работнички и Куманово – МЗТ Скопје. Сите натпревари се играат утре.